27ми Март бр.2
1000 Скопје

ИНФО БРОЈ (02) 15888

тел: (02) 32 89 301
факс: (02) 32 31 625
Мој живот. Мое осигурување.
Прашања
Дали полисата за каско осигурување важи и во случај да се промени сопственикот на возилото?

Одговор: Не.Доколку се промени сопственикот на возилото за времетраење на каско осигурувањето, правата и обврските од договорот за осигурување не преминуваат на новиот сопственик а премијата за преостанатиот период, се враќа на осигуреникот доколку немал штети во претходниот период.

Oсигуреана ми е викендичката и какви чекори треба да преземам во случај на кражба?

Одговор:

  • пријавете на надлежните органи за внатрешни работи (тел.192);
  • обезбедете податоци за денот и местото на настанот.

Доколку е настаната штета, каде да се обратам за барање за надомест на штета?

Одговор:

  • Повикајте го вашиот агент или јавете се во ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје на тел. 32 89 324 за добивање податоци за потребните документи и постапката за вашето барање.
  • Барањето за надомест на штета доставете го до ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје, најдоцна во рок од 3 дена од дознавањето на штетата. Понесете со себе возачка и сообраќајна дозвола, податоци за предизвикувачот на незгодата (ако е познат), и по можност веднаш договорете место и време на процена на штетата и начин на исплата на истата, податоци за оштетени односно уништени предмети со приближно назначување на нивната вредност.
  • Сочувајте ги сите сметки за сторени трошоци во врска со барањето.

Што да преземам ако сум учесник во сообраќајна незгода?

Одговор:

  • Не напуштајте го местото на настанот.
  • Повикајте брза помош (тел.194) ако има повредени. Пружете прва помош.
  • Обидете се да го заштитите местото на настанот. Преземете разумни мерки за заштита на вашето возило од дополнителни оштетувања - вклучете ги трепкачите и поставете триаголник.
    *Само во случај на зголемен ризик од дополнителни оштетувања и попречување на сообраќајот,тргнете го возилото од патот и повикајте влечна служба доколку возилото не е во возна состојба.
  • Повикајте МВР (тел.192). Запомнете го името на полицаецот и на полициската станица. Прашајте кога ќе биде готов записникот за увид и како да добиете примерок од истиот.
  • Препорачуваме внимателно да ги забележите:
    - датумот и местото на незгодата;
    - локацијата на незгодата (улица, град...);
    - временските и условите на патот;
    - правецот и брзината на движење на вашето возило и на другите учесници;
    - кус опис за тоа како се случила незгодата и обемот на оштетувања на возилата;
    - запишете го регистерскиот број, типот на возило, бројот на возачката дозвола и информациите за осигурувачот за секој возач учесник во незгодата и бројот на Зелена карта, доколку станува збор за странско возило;
    - имињата и адресите на учесниците во незгодата и на сведоците.
Во случај на судир со возило на КФОР или АРМ - осигурителната компанија врши само услужна проценка на штетата, а барањето се доставува до Канцеларијата на НАТО или до Министерството за одбрана.

Што треба да сторам при барање за надомест на штета од автомобилска одговорност?

Одговор:

  • Јавете се во ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје на тел. 32 89 324 за добивање податоци за потребните документи и постапката за вашето барање.
  • Барањето за надомест на штета доставете го до осигурителното друштво каде што е осигурен предизвикувачот на незгодата, понесете ги со себе возачката и сообраќајната дозвола, податоците за предизвикувачот на незгодата и по можност веднаш договорете место и време и начин на процена на штетата.

Како ќе докажам што исчезнало или е уништено во случај на кражба, пожар или експлозија ?

Одговор: Осигураните работи се водат во Вашата книговодствена евиденција или се наоѓаат на списокот на осигурани предмети.Во овие случаи еден од неопходните докази е записникот на надлежниот орган на МВР кој го извршил увидот на лице место и кој меѓу другото дава основа за надомест на штета со дефинирање на извршеното дело или настанатиот штетен настан.

Кои штети се покриени при излевање вода од инсталација?

Одговор: Покриени се штетите на осигурените предмети кои се последица на излевањето на водата од инсталацијата, а не и штетата на самите инсталации.

Кој може да биде осигуреник во случај на осигурување на професионална одговорност на лекарите?

Одговор: Осигуреник може да биде државна како и приватна установа, исто така и лекарот како поединец.

Што е трето лице во случај на осигурување од автоодговорност?

Одговор: Трето лице е физичко или правно лице кое не е страна на договорот за осигурување и кое може да претрпи материјална или нематеријална штета за која што е одговорен осигуреникот.Трето лице не е: договарачот на осигурувањето, возачот, сопственикот, сосопственикот или корисникот на моторното возило и лица кои на недозволен начин го присвоиле возилото.

Пребарување

АНКЕТА

Дали ќе го осигурате вашиот стан?

 ДА
 НЕ
 НЕ ЗНАМ

гласај   |    резултати