image

„ЕУРОЛИНК – ВАШАТА ВРСКА СО ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“

Еуролинк осигурување вложува во заедницата во која работи. Во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, компанијата е активен чинител и поддржувач на образованието, уметноста и културното живеење во РС Македонија. Во последните години, преку поддршка на еминентни национални установи, фестивали и со над дваесетина самостојно организирани активности. компанијата допира до најмалите, се грижи и ги мотивира студентите и активно се вклучува во промоција и заштита на националното историско културно и уметничко наследство. Во изминатите години преку спонзорства и донации компанијата има вложено над 50 милиони денари.

Ви претставуваме дел од реализираните активности што се составен дел на  платформата за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.
 
ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ВО СКОПЈЕ
Еуролинк осигурување – генерален покровител на активностите на Музејот на современа уметност во Скопје.
 
Реновирана музејска библиотека при истражувачкиот центар во рамки на Музејот на современа уметност 2017. 
Изложбата на Петар Хаџи Бошков 2017, 
Изложба „Сe што ни е заедничко“ 2017
Изложба на Натали Башов и Ханис Багашов 2017
Изложба „Сe што ни е заедничко“ 2018
Изложба „Грабење во просторот“ 2019 и др. активности.
 

ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА 
Еуролинк осигурување традиционално организира „Летна балетска школа“ за класичен балет, за деца од 6 до 11 години, под водство на Горан Божинов, првенец на МОБ.
Целта е да се помогне на дечињата да го откријат и развијат својот талент, а воедно летниот распуст да го поминат активно, да се дружат и да се забавуваат.
Уживајте во танцот на малите балерини: Летна балетска школа 2014Летна балетска школа 2015Летна балетска школа 2016Летна балетска школа 2017Летна балетска школа 2018, Летна балетска школа 2019


„ЕУРОЛИНК СТИПЕНДИЈА”“ 
Секоја година 30 студенти на додипломски и постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ имаат можност да станат добитници на „Еуролинк стипендија“. Конкурсот се распишува секоја година на 15 јуни и трае до 15 септември. Доделувањето на стипендиите е во октомври.
Ова се стипендистите на Еуролинк низ годините: Еуролинк стипендисти 2014Еуролинк стипендисти 2015Еуролинк стипендисти 2016Еуролинк стипендисти 2017Еуролинк стипендисти 2018,
Eуролинк стипендија 2019

СЕ ДРУЖИМЕ И ПЛИВАМЕ СО ПРОФ. Д-Р НАТАША МЕШКОВСКА И ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ
Еуролинк осигурување организира бесплатно пливање за најмладите под раководство на професионалниот тренер проф. д-р Наташа Мешковска. Повеќе од 200 дечиња од 8 до 10 години пливаа, уживаа и склучуваа нови пријателства, а воедно и ги подобруваа своите пливачки вештини.
Споделуваме дел од пријатната атмосфера од базените на следните линкови: Пливај и уживај – Скопје 2016Пливај и уживај – Скопје 2017Пливај и уживај – Битола 2017Пливај и уживај – Кавадарци 2017Пливај и уживај – Кавадарци 2018Пливај и уживај – Струмица 2018Пливај и уживај – Скопје 2018Пливај и уживај – Скопје 2019,  Пливај и уживај – Пробиштип 2019Пливај и уживај – Кавадарци 2019.

 
МАПА НА КУЛТУРАТА 
Оваа активност претставува туристички разглед на познатите културно-историски локалитети во РС Македонија. Со вас споделуваме моменти од прекрасните активности: Мапа на културата – Скопје 2014,  Мапа на културата – Скопје 2015Мапа на културата – Стоби 2016Мапа на културата – „Св. Јован Бигорски“ 2017Мапа на културата – Хераклеја и Битола 2017Мапа на културата – Галичник 2018,  Мапа на културата – Лесновски манастир 2018,  Мапа на културата – Вевчани 2019.

ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 70-ГОДИШНОТО ТВОРЕШТВО НА БОРО МИТРИЌЕСКИ - МИТРИЧ
 

Прочитајте за активностите од минатите години:
 
ТЕНИСКА ШКОЛА НА ЕУРОЛИНК
Тениската школа започна на 30 март и во текот на еден месец младите учесници ги изучуваа основните техники во тенисот, се создадоа нови пријателства, а децата се стекнаа со ново искуство. Погледнете ја галеријата со слики: Тениска школа „Излези на мрежа“ 2018. 

 
ЗИМСКА ЛИЗГАЧКА ШКОЛА 
Еуролинк осигурување од 2015 година овозможува бесплатно учество на 35 дечиња во „Зимската лизгачка школа“ под водство на професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштешењски-Симиќ.
Школата се организира на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ и е единствен проект од ваков вид во земјава со кој се овозможува совладување на основните техники на уметничкото лизгање и активно спортување во текот на зимскиот период.
Почувствувајте ја атмосферата и разгледајте ја галеријата на сликиЗимска лизгачка школа 2015Зимска лизгачка школа 2016Зимска лизгачка школа 2017.  
 
 
НОВА ЧИТАЛНА ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
Еуролинк донираше 8500 евра за модернизирање на читална и библиотека во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Простор со површина од 160 квадратни метри, во блокот Б, на 6-ти кат, доби комплетно модерен лик со нов инвентар.
Погледнете ја новата читална и библиотека: 
Нова читална и бибилиотека
Нова читална и библиотека
Нова читална и библиотека


ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИВО ПУХАН“
Еуролинк осигурување традиционално се јавува како поддржувач на Ораторската вечер при Правниот факултет „Јустинијан Први“. Поради големиот интерес за финалето на ораторските вечери, компанијата овозможи пренос во живо преку  интернет-страницата на Клубот на оратори, www.klubnaoratori.mk, изработена со целосна поддршка на Еуролинк осигурување. 
 

ДЕНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА
Во периодот од 15 октомври до 15 ноември 2014 година љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци учествуваа во фотонатпревар со наслов „Емотивната страна на културата“ со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.
На најдобрите три фотографии им беа доделени вредносни ваучери.
Воедно беа селектирани 30 слики и беа претставени пред јавноста на изложба од продажен карактер, а собраните средства од продадените слики беа донирани во одделот на Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личњеноски“ во Скопје.
Погледнете ја изложбата на фотографии: Денови на фотографијата „Емотивната страна на културата“.
 
ПОВЕЌЕГОДИШНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
ПОВЕЌЕГОДИШНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
ПАРТНЕРСТВО СО РЕНОМИРАНИОТ ФЕСТИВАЛ „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Купете осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување