image

СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Грижата за здравјето и можноста за најквалитетно лечење во модерните здравствени установи се на првото место на приоритети во животот.
Здравјето е сè во животот и без здравјето сè друго е ништо.

Затоа го препорачуваме нашиот најнов продукт за приватно здравствено осигурување СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ со кој се овоможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија (Систина, Ремедика, Филип Втори, Неуромедика и др.) и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.
Погледнете ги пакетите и одберете ја најдобрата заштита за вашето семејство:


Додека осигуреникот е хоспитализиран, покриени се болнички трошоци за:

  • сместување во болничка соба;
  • специјалиситички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен,
  • MRI-скеновите PET-скенови,
  • хируршка операција/интервенција,
  • болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар,
  • ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог;
  • користење интензивна нега,
  • користење операциона сала,
  • импланти.
 
Со овој продукт се предвидуваат и трошоци за превентивни прегледи по избор на осигуреникот без претходна индикација и тоа:
 
  • Гинеколошки преглед:  ПАП-тест, ултразвук, гинеколошки преглед,
  • Кардиолошки преглед: консултативен преглед, ултрасонографски преглед,
  • ЕКГ,
  • Комплетна дијагностика на гради: клинички преглед, ултразвук на дојка,
  • Мамографија,
  • Уролошки преглед: консултативен преглед, ехо на простата, ПСА (тумор-маркер),
  • Интернистички преглед:  консултативен преглед, ехо на абдомен,
  • Стоматолошки прегледи,
  • Офталмолошки прегледи,
  • Лабораторски анализи: крвна слика, серумско железо - Fe, седиментација – SE, уринарен статус, уринарен седимент, гликемија,
  • HgA1C - гликолизиран хемоглибин, холестерол, триглицериди, HDL - липопротени со висока густина,
  • LDL - липопротеини со ниска густина, уреа, креатинин, ацидум урикум, вкупен билирубин, директен билирубин, AST (GOT ); ALT ( GPT), GGT Gamma - glutamul transferase,TSH  и слободен Т4 Тироидни
  • хормони, PSA.
Територијална важност:
  • Република Македонија за покритијата “ОСНОВНО” и “КОМФОРТ”
  • Европа без Велика Британија, Русија и Швајцарија, за покритието “ПРЕМИУМ”
ЗОШТО ПРИВАТНО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?
  • Директна исплата на трошоците за лекување кон приватните здравствени установи за болничко лекување и лекување малигни болести
  • Можност за заштеда доколку не користите здравствена услуга во текот на осигурителниот период. Попуст од 6.000 денари се пресметува како попуст на премијата при обнова на полисата од претходниот период.
  • Заедничка осигурена сума/лимит како максимална обврска на осигурувачот за сите членови на семејството
  • Членови на семејството се брачни другари на возраст до 64 години и деца на возраст од 1 до 30 години.
Контактирајте го вашиот агент за осигурување или јавете се во центарот за поддршка на клиенти ”Еуролинк 24” на (02) 15 888.

Еуролинк Осигурување со промовирањето на овој тип на осигурување кое за прв пат се нуди во нашата држава прославува 15 години постоење и грижа за највредните нешта во животот.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување