image

Задолжително осигурување автомобилска одговорност во странство - Зелена карта


Зелената карта е проширување на територијалното покритие на осигурувањето од автоодговорност.

 

Истата е задолжителна доколку планирате да патувате во странство со вашето моторно возило и ги покрива штетите што сo употрeба на моторното возило ќе бидат причинети на трети лица.

 

Зелена карта или Меѓународен сертификат за осигурување на моторни возила го гарантира осигурителното покритие кога патувате во земји членки на системот на зелена Карта во согласност со законодавството и минималните лимити на осигурително покритие во земјата на сообраќајната незгода.

 

Валидна зелената карта е онаа која има задолжителна форма и содржина и се издава со авторизација на Националното Биро за осигурување на Македонија врз основа на Препорака бр.5 од Европската комисија и U.N. Road Transportation Commission .

Зелената карта се издава врз основа и во период на валидност на полисата за задолжително осигурување од автоодговорност.

 

Земји членки на Системот на зелена Карта

Земјите членки се наведени на самата зелена карта каде се подредени во графи под нивните меѓународни кратенки. Вашата зелена карта не важи за земјите чии кратенки се прецртани во самата зелена карта и во земјите кои не се наведени во зелената карта

Во земјите во кои не важи зелената карта должни сте да платите гранично осигурување за вашето возило при влез во таа земја.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување