image

Задолжително осигурување од автомобилска одговорност

Сопствениците, односно корисниците на моторни возила, со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани, пред да се вклучат во сообраќајот да купат полиса од автомобилска одговорност, со која се обезбедува сопственикот од одговорност спрема трети лица за причинети штети кои за последици можат да имаат: смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето, уништување и оштетување предмети.

Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија.

Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

Цената зависи од моќноста на моторот на вашето возило изразена во KW, на која се пресметува бонус (попуст), доколку во минатите години осигуреникот не предизвикал штета(и) по овој основ, и малус (доплаток), доколку осигуреникот во минатите години предизвикал штета(и) по автомобилска одговорност.

 

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат следните дополнителни осигурувања:

  • Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство - Зелена карта
  • Осигурување на возачот и патниците од последици на несреќен случај - незгода
  • Дополнително каско осигурување стакла од кршење на патнички возила, товарни возила и автобуси


Осигуреникот ги губи правата од полисата и е должен да го плати износот што осигурителната компанија како надомест на штета го исплатила на третото лице во следниве случаи:

  • Не склучил полиса за осигурување од автомобилска одговорност
  • Возилото го управувало и користело неовластено лице
  • Управување со возило без валидна возачка дозвола
  • Возилото го управувал под дејство на алкохол, дрога и други наркотици

 

Како да постапите во случај ако сте учесник во сообрќајна незгода може да дознаете тука.

За подетални информации контактирајте го вашиот консултант за осигурување.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување