image

КУПЕТЕ ДОМИ КОМПЛЕТ ПОЛИСА – СИГУРЕН ДОМ, ПОМАЛКУ ГРИЖИ!
 

Што претставува ДОМИ Комплет полисата?

ДОМИ Комплет е осигурување за домот со низа уникатни покритија овозможени единствено од Еуролинк осигурување. Ова осигурување ги гарантира функционалноста на домот и комфорот на семејствата наспрема секојдневните ризици на кои се изложени. Со цел да обезбеди вистинска комплетна заштита за целото домаќинство, ДОМИ Комплет во пакетот ги вклучува следните полиси:

  • Полиса за осигурување на домот и покуќнината;
  • Полиса за осигурување од незгода на сите членови на домаќинството;
  • Полиса за патничко осигурување за дел од членовите на семејството.


Зошто на Вашиот дом му е потребно станбено осигурување?

Домот е Вашата најголема инвестиција, тука е се што сте стекнале низ годините и токму затоа постојано вложувате во неговата безбедност. Но, секојдневно се соочувате со ситуации што најчесто и не се во Ваша контрола, како опасност од пожар, кражба, излевање на вода од инсталациите или пак штети што може да настанат во соседството, а притоа да го опфатат и Вашиот дом. Токму затоа, ние во Еуролинк осигурување го создадовме ДОМИ Комплет станбеното осигурување, со кое ќе може да се чувствувате сигурно и безбедно за Вашиот дом и за иднината на Вашето семејство во секоја ситуација.


Од кои ризици обезбедува ДОМИ Комплет и колку чини?

НОВО!

Со склучување договор за лојалност на три години и осигурување на возило од автоодговорност, добивате ДОМИ Комплет полиса за само 1.200 денари за првата година, а цената важи за сите квадратури на станбени објети и за сите ДОМИ Комплет пакети.

Контактирајте го Вашиот консултант за осигурување, информирајте се на телефонскиот број 02 15 888  или на електронската адреса eurolink24@eurolink.com.mk.


Сведоштво на осигуреник кој имал станбено осигурување ДОМИ Комплет:

„Минатата година во куќата ни се случи пожар предизвикан од краток спој на инсталациите. Пожарот се развил брзо и го зафатил целиот кров. Целото семејство беше во долниот дел од куќата и воопшто не осетивме дека пожарот ја зафатил целата конструкција. За среќа во последен момент сите успеавме да излеземе на време, но куќата беше целосно уништена. Имавме ДОМИ Комплет станбено осигурување, а Еуролинк веднаш по пожарот ни исплати аванс од 500.000 денари, што ни помогна да најдеме сместување и да започнеме со расчистување. После увидот и комплетирање на документацијата ни беа исплатени уште 609.000 денари, со што успеавме да изградиме нова куќа, која сега повторно ни е комплетно осигурана во Еуролинк. За нас како семејство, ДОМИ Комплет е вистинска инвестиција во иднината и по нашето искуство сметам дека навистина сите треба да ги заштитат своите домови!“ – вели Ице П. од с. Дабиле, Општина Струмица, осигуреник на Еуролинк осигурување.




 



 

Купете осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување