image

БИЗНИС КОМПЛЕT - "ЗА БИЗНИС СПАКУВАН ВО СИГУРНОСТ"


Почитувани стопанственици,

 

Ги разбираме предизвиците со кои се соочувате во секојдневното работење и напорите кои ги вложувате за континуиран раст и успех на вашиот бизнис. Свесни сме за вашите материјални вложувања како за извонредното ниво на енергија и посветеност со која го градите и развивате вашиот бизнис.

 

Затоа кон вашиот бизнис се однесуваме домаќински, и ги преземаме финансиските трошоци што можат да произлезат од штети настанати на вашиот имот, опрема, залиха и вашите вработени.

 

Пакетот БИЗНИС КОМПЛЕТ претставува сеопфатно осигурително решение за целосна заштита на вашиот бизнис.

 

Разгледајте ги уникатните и единствени покритија на БИЗНИС КОМПЛЕТ пакетот и заштитете го вашиот бизнис.

 

Со БИЗНИС КОМПЛЕТ полиса добивате заштита од следните ризици:

  • Пожар, гром, експлозија, луња, град, излевање на вода од инсталации, паѓање на летала, манифестација и демонстрација
  • Провална кражба, разбојништво и вандализам       
  • Кршење стакло   
  • Финансиски загуби поради прекин на работа       
  • Одговорност
  • Незгода на вработени
  • Поплава 
  • Земјотрес     
  • Кршење на машини

 

БИЗНИС КОМПЛЕТ полисата е наменета за сите трговски друштва кои се занимаваат со трговија и услуги и тоа:

  • Мини маркети и колонијални продавници
  • Продавници за облека, обувки и спортска и риболовна опрема 
  • Продавници за мебел, килими, ѕидни и подни облоги, опрема за осветлување, електрични апарати, аудио и видео опрема
  • Продавници за музички и видео записи   
  • Продавници за играчкии книги
  • Аптеки и парфимерии  
  • Пекари и месари
  • Рибарници – продавници 
  • Железари – метална стока, бои и лакови  
  • Авто делови – авто делови и моторни горива

Станете дел од нашата програма за лојалност, склучете договор на 3 години и искористете ја можноста да ја добиете вашата БИЗНИС КОМПЛЕТ полиса со 30% попуст за сите три години.

Контактирајте со вашиот агент за осигурување и ќе добиете комплетна понуда за осигурување на вашиот бизнис.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување