
1000 Скопје
ИНФО БРОЈ (02) 15888
тел: (02) 32 89 301факс: (02) 32 31 625
Ние знаеме дека вашето возило за вас претставува повеќе од обично возило.
Колку и да се грижите за неговата безбедност, не можете да сте постојано покрај него, да го надгледувате 24 часа.
Потребна му е идеална заштита, без разлика дали станува збор за мала гребаница или сообраќајна незгода.
A, идеална заштита нема. Но, за да можете безбедно да спиете, осигурете го вашето возило во Еуролинк Осигурување, каде брзата проценка и исплата на штетите е секогаш наша цел!
Ви ги нудиме следниве осигурувања за моторните возила:
- Автоодговорност
- Каско
- Зелена карта
- Дополнително осигурување од незгода
- Осигурување стока при транспорт
АВТООДГОВОРНОСТ
Законска одговорност на сопственикот на возилото за штети што со употреба на моторното возило ќе ги причини на трети лица.
Осигурувањето од автоодговорност ги покрива штетите што со употреба на моторното возило ќе бидат причинети на трети лица и тоа во случај на загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување предмети.
Во категоријата на трети лица не спаѓаат: договорувачот на осигурувањето, возачот, сопственикот, сосопственикот или корисникот на моторното возило и лица кои на недозволен начин го присвоиле возилото.
Специјални поволности:
- плаќање на премијата на повеќе рати со кредитни картички.
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ АВТООДГОВОРНОСТ
Зборови кои треба да ги знаете
Како да се заштитите
Што да преземете во случај на сообраќајна незгода
Барање за надомест на штета од автомобилска одговорност
Aгентот на Еуролинк доаѓа и во вашата канцеларија! Јавете се на 15115 и набавете полиса за осигурување од автоодговорност!
МИНИ КАСКО
Што осигурувате со МИНИ КАСКО?
Оштетување патнички автомобили од сообраќајна незгода настаната по вина на возач на друго моторно возило,
за која осигуреникот, како оштетен, има право да поднесе барање за надомест на штета од одговорност до друштво за осигурување,
според прописите за задолжително осигурување во сообраќајот – оштетување од сообраќајна незгода по туѓа вина.
Со осигурувањето се опфатени штети на автомобилот на осигуреникот:
- до износ од 1000 евра, под услов за сообраќајната незгода да е составен записник од полициски службеници на МВР;
- до износ од 750 евра, под услов за сообраќајната незгода учесниците да пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајната незгода во присуство на полициски службеници или на претставник на Осигурувачот.
Со осигурувањето не се опфатени оштетувања од сообраќајни незгоди:
- во кои другиот учесник е странско моторно возило, или
- се случиле надвор од територија на Република Македонија.
Во случај на продажба на возилото, осигурувањето се пренесува на новиот сопственик.
КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Може и ова да се случи. Вашето возило е толку многу оштетено што не може да се вози. Грлото ве стега од помислата да чекате автобус наутро со часови. И така со месеци...Но не грижете се. Каско осигурувањето на Еуролинк е тука за вас. Ние знаеме колку е значајна брзината и квалитетот на поправка на вашето возило, затоа се грижиме проценката и исплатата на штетите да биде во најкус можен рок.
Со доплатена посебна премија се исплатува договорениот надомест на трошоци поради некористење на моторното возило во договорена висина, во кои трошоци спаѓаат трошоци за изнајмување возило и трошоци за користење услуги за превоз што се надоместуваат за договорен период од 7 дена во текот на траењето на осигурувањето. Обврската на осигурувачот за надомест на овие трошоци престанува со исплата на надомест за договорениот период од 7 дена во текот на траење на осигурувањето.
Нашите агенти ви се на услуга, доволен е само еден повик.
Предмет на осигурувањето може да биде:
- Сите видови моторни, приклучни и работни возила, дополнителна опрема.
Според вашиот избор можете да склучите:
- Потполно каско осигурување;
- Делумно каско осигурување;
- Дополнително каско.
Материјални штети ќе бидат надоместени во случај на:
- Сообраќајна незгода;
- Пожар, гром, луња, експлозија, снежна лавина;
- Паѓање на воздушно летало, удар од предмет;
- Манифестации и демонстрации;
- Кражба и разбојништво;
- Поплава, порој и високи води;
- Ненадејно надворешно хемиско и термичко дејство.
Поволности:
- попусти за повеќегодишен договор;
- попуст за осигурување од автоодговорност и каско;
- попуст за групно осигурување сопствени возила;
- попуст за осигурување повеќе од 5 возила;
- попуст за поседување алармен уред и кодиран клуч;
- попуст за АБС;
- попуст за секоја година без штета;
- попуст за готовинско плаќање однапред;
- попуст за успешна деловна соработка.
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Зборови кои треба да ги знаете
Како да се заштитите
Што да преземете во случај на сообраќајна незгода
Барање за надомест на штета
ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ЗЕЛЕНА КАРТА
Зелена карта од Еуролинк осигурување е ваша потврда за осигурување од автоодговорност надвор од границите на Република Македонија.
Сопственикот на возилото регистрирано во Република Македонија при патување надвор од Република Македонија мора да поседува валидна Зелена карта.
Ова осигурување важи во сите земји членки на Системот на Зелена карта.
Зелената карта ја издава осигурителната компанија кај која имате осигурување од автоодговорност.
Внимавајте!
Рокот на важење на Зелената карта е поврзан со рокот на важење на полисата за автоодговорност.
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗЕЛЕНА КАРТА
Што треба да сторите доколку ви се случи незгода во странство?
Што треба да сторите доколку ви се случи сообраќајна незгода во Република Македонија?
ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА
Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците, во случај на загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомест за боледување.
Поволности :
- попусти за воздушни перничиња во возилото;
- попуст за добиени 5 ѕвездички на краш тест EURO NCAP.
Слободно јавете се на 02 15115 – доаѓаме на вашето работно место!
АНКЕТА
