
1000 Скопје
ИНФО БРОЈ (02) 15888
тел: (02) 32 89 301факс: (02) 32 31 625
Обезбедува целосна заштита на вашиот имот. Вашате куќи, станови, куќи за одмор, деловни простории, мебелот, опремата, залихите и се останато што поседувате може да го осигурате во ЕУРОЛИНК.
Друштвото поседува капацитет за прифаќање големи имотни ризици за потребите на индустријата. Предмет на осигурување можат да бидат и објектите во градба и монтажa. Покрај квалитетните покритија на стандардните имотни ризици, вклучени се покритија и од природни непогоди по конкурентни пазарни цени.
А дали знаете дека осигурувањето на имот почнува од само 615 денари годишно? И дека времето од апликација до полиса е само 5 минути.
Еуролинк ви нуди можност за осигурување од разни опасности како што се :
- пожар, удар од гром,експлозија, излевање на вода од инсталации, луња, град, удар со сопствено возило, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, и дополнителни ризици по ваш избор како поплава, лизгање на земјиште, земјотрес и други опасности;
- провална кражба и разбојништво;
- кршење стакло;
- кршење машини, кое опфаќа голем број на ризици: грешка во материјалот, изработката и конструкцијата, куса врска и пренапон, мраз и снег, имплозија, паѓање, удар и други опасности;
- осигурување компјутери.
Еуролинк ви нуди и други видови осигурувања на имотот:
- осигурување станбени објекти и предмети во нив;
- можност за избор на една или повеќе класи на осигурување договорени со една полиса.
Специјални поволности:
- попусти за повеќегодишен договор;
- попусти за избор на повеќе видови осигурувања.
КАКО ДО ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ВАШИОТ ДОМ?
Следете ги следните 3 едноставни чекори за сигурен дом и заштита од непредвидливи ризици за вас и вашето семејство.
- Пополнете ја апликацијата за осигурување.
- Предадете ја апликацијата во Еуролинк Осигурување или на шалтерите на Комерцијална банка.
- По одобрување на вашата апликација вие ја добивате вашата полиса.
А, ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОКРИТИЈА, НУДИМЕ
Стандард, Комфор и Мега полисите обезбедуваат дополителни покритија согласно со дефинираните барања на клиентите и се достапни во канцелариите на Еуролинк Осигурување.
Во Еуролинк Осигурување, навремената и квалитетна услуга кон клиентите е секогаш на прво место. Времето од апликација до полиса е само 5 минути.
Заштитете го својот имот , денес.
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИМОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Зборови кои треба да ги знаете
Како да постапите во случај на штета
АНКЕТА
