Дата: 07.06.2019 - Македонија учи да плива со Еуролинк

Author

Скопје, 7.6.2019 г., Четврта година по ред Еуролинк осигурување во рамките на платформата за Kорпоративнa општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“  ја организира добропознатата пливачка школа за деца на возраст од 8 до 12 години. Оваа година се организираат школи за пливање во Скопје, Кавадарци и Пробиштип под раководство на тимот на проф. д-р Наташа Мешковска по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за 8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.
Пријавувањето за летните пливачки школи ќе се одвива по следниот распоред:
Скопје, од 7.6.2019 до 14.6.2019 година;
Кавадарци, од 18.6.2019 до 25.6.2019 година;
Пробиштип, од 27.6.2019 до 3.7.2019 година.
Летните пливачки школи започнуваат:
Скопје – Спортски центар „Борис Трајковски“, прв час на 17.6.2019, последен час на 26.6.2019, секој ден од 11:00 часот до 12:00 часот;
Кавадарци – „Градски базен“, прв час на 1.7.2019, последен час на 8.7.2019, секој ден од 10:00 до 11:00 часот;
Пробиштип – „Аква Парк“, прв час на 9.7.2019, последен час на 16.7.2019, секој ден од 10:00 до 11:00 часот.
Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса: plivajiuzivaj@eurolink.com.mk, со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот, контакт-телефон на родителот. Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Кавадарци и Пробиштип ќе се одржи на првиот час и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска, која ќе избере 50 деца за учество во пливачката школа во Скопје и по 40 деца за учество во пливачките школи во Кавадарци и Пробиштип. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.
На избраните кандидати во пливачките школи ќе им бидат обезбедени пешкири, капи и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, костими за капење, очила за пливање и папучи, родителите ќе треба сами да ги набават задолжително во сина боја.
Летната пливачка школа на Еуролинк осигурување е активност во рамки на платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Северна Македонија.
Контакт за медиуми: komunikacii@eurolink.com.mk
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување