Дата: 20.05.2019 - МАПА НА КУЛТУРАТА - ВЕВЧАНИ

Author

Со „Мапа на културата“ го запознаваме преубавото Вевчани
 
Скопје, 20.5.2019 г., Еуролинк осигурување во рамки на платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, веќе шеста година по ред ја организира добропознатата туристичка прошетка насловена како „Мапа на културата“.
Во изминатите шест години ги посетивме и ги слушнавме тајните преданија за културните и археолошките локалитети во нашата држава, и, по Стоби, Хераклеја, Градот на конзулите – Битола, Бигорскиот манастир, познатото мијачко село Галичник, Лесновскиот манастир, патот нn4; води кон Струга, под падините на планината Јабланица, во едно од најубавите села во нашата татковина, селото Вевчани.
Вевчани, надалеку познато по Вевчанскиот карневал и уникатните Вевчански извори, изобилува со неверојатната природна убавина и плени со својата автентична архитектура.
Целодневната прошетка претставува можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Вевчани и да ги слушнат преданијата од искусниот водич за тоа како настанало ова надалеку прочуено село.
Сите заинтересирани граѓани без разлика на возраста, може да се пријавуваат од денес, 20.5.2019 година, на следната електронска адреса: mapanakulturata@eurolink.com.mk, со испраќање на следните генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Првите 150 пријавени кандидати ќе бидат избрани за учесници на еднодневната екскурзија и истите ќе бидат телефонски узвестени.  Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот.
Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 1.6.2019 (сабота) со поаѓање во 7:30 часот, на паркингот кај Дрво декор.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување