Дата: 10.12.2012 - Нова услуга за осигурениците

Еуролинк осигурување започнува со веб продажба на осигурителни полисиЈубилејот 10 години од своето постоење компанијата ќе го одбележи со повеќе активности

Својот јубилеен 10-ти роденден, овој месец, Осигурителната компанија Еуролинк ќе го започне со промоција на иновативната услуга веб продажба на осигурителни полиси, како и со повеќе настани за своите вработени и клиенти. Веќе цела деценија Еуролинк е меѓу најдобрите осигурителни друштва во Македонија, компанија која континуирано расте и се развива и во моментов се наоѓа на второто место на пазарот на осигурување во Македонија. Потврда за иновативноста и континуираниот развој е и воведувањето на иновативниотсервис е-полиса, кој на граѓаните во Македонија за првпат ќе им овозможи купување осигурителни полиси преку интернет, од удобноста на нивниот дом.

 

„Со воведување веб продажба во осигурителниот сектор во Република Македонија,  Еуролинк осигурување одговара на динамичниот начин на живеење на клиентите и на љубителите на интернет купувањето. Како современа финансиска институција, достигнувањата во дигиталната технологија во континуитет ги применуваме во полза на осигурениците.  Воведувањето на веб продажбата всушност претставува проширување на веќе воспоставената интернет продажба, овозможена за нашите надворешни дистрибутивни канали. Воедно, се заокружува 24-часовната поддршка, која како концепт Еуролинк го воведе на пазарот на осигурување во земјата уште во 2009 година.” - изјави м-р Александра Наќева Ружин, извршен директор на Еуролинк осигурување.

 

Услугата е-полиса eовозможена преку веб страницата на Еуролинк.  Преку брзо и едноставно регистрирање, клиентите во првата фаза од овој проект можат да договорат осигурување за патување во странство, како и обнова на каско полиси и на полиси за домаќинско осигурување.

 

Процедурата на е-полиса е сигурна и брза, а плаќањето се одвива по пат на платежни картички. По успешно извршената процедура на плаќање, на мејл адресата на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување