Дата: 18.09.2017 - 250 учесници ги слушнаа преданијата за тајните на Бигорскиот манастир и уживаа во природните убавини во рамки на програмата „Мапа на културата“ организирана од Еуролинк осигурување

Author

Во саботата на 16 септември 2017 година се одржа еднодневна посета на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како дел од програмата „Мапа на културата“ организирана од Еуролинк осигурување. Компанијата уште еднаш ги потврди своите заложби за негување на вистинските културни и историски вредности и им овозможи на 250 учесници да се запознаат со тајните на Бигорскиот манастир. Овој манастир претставува уникатен пример на архитектонско дело,  а иконостасот во црквата „Св. Јован Бигорски“, кој бил работен цели шест години, претставува еден од најубавите на Балканот.
Манастирскиот комплекс се состои од: Семејна кула, Манастирска црква и костурница, која се наоѓа веднаш до самата црква и гостинските конаци. Во црквата доминира големиот иконостас во резба, кој е изработен од надалеку прочуените копаничари Петре Филиповски-Гарката и Макарие Фрчковски, познати по своите импозантни дела.
Покрај резбите на светиот Јован Крстител и останатите светци, иконостасот е обогатен со многубројни резби на животни и птици, кои многу успешно се испреплетени со орнаменти на винова лоза, цвеќиња, ружи и многу други обележја, карактеристични за работата на дебарските и мијачките резбари.
Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено ковчеже во кое се наоѓаат светите мошти на свети Јован Крстител, а исто така се наоѓа и импозантна збирка на рачнопишувани ракописи кои се чуваат низ вековите. Секој добронамерник во манастирскиот комплекс е почестен со топло кафе и локум, уживајќи во прекрасниот амбиент во македонски стил.  Богатствата на природата ќе ве натераат да ја почувствувате неповторливата импозантна големина на манастирот „Св. Јован Бигорски “ бидејќи само тука ќе можете да го почувствувате духовниот мир, кој ќе ве натера повторно да го посетите овој рај на земјата. Еднодневната прошетка на која присуствуваа 250  учесници од сите генерации помина во прекрасна атмосфера и дружење. Се редеа возбудливи приказни за тајните преданија на Бигорскиот манастир. На крајот од денот со широка насмевка исполнета со мир и спокој се вративме во реалноста, побогати со ново искуство. Програмата „Мапа на културата“ за запознавање на културните вредности на Македонија се одвива во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – vашата врска со вистинските  вредности“.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување