Дата: 08.05.2017 - 100 учесници ги запознаа Хераклеја и Битола во рамки на програмата „Мапа на културата“ на Еуролинк

Author

Во саботата, на 6 мај 2017 година, се одржа еднодневна посета на археолошкиот локалитет Хераклеја и градот Битола како дел од програмата „Mапа на културата“, организирана од страна на Еуролинк осигурување. Програмата „Mапа на културата“ за запознавање на културните вредности на Македонија се одвива во рамките на платформата за корпоративно општествена одговорност – ,,Еуролинк вашата врска со вистинските вредности“.
Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за  вистинските културни и историски вредности, и им овозможи на 100 учесници да се запознаат со културните белези на цивилизациската, културолошката и археолошката лулка, од чии темели и остатоци постојано се ткае античката приказна за Хераклеја,  пренесувана од генерации на генерации.
Еднодневната прошетка на која присуствуваа над 100 учесници од сите генерации помина во одлична атмосфера. Археолошкиот локалитет Хераклеја беше појдовна точка на туристичките прошетки, a потоа прошетката продолжи кон Музејот Битола, каде што учесниците имаа можност да ја посетат спомен-собата на Кемал Ататурк,  Градот на конзулите – Битола со неговите главни обележја Широк сокак, Безистенот, Саат кулата, како и да ја видат убавината на профаните и сакралните градби, кои претставуваат дел од богатата битолска архитектура. На организираната прошетка се редеа возбудливи приказни раскажани од искусниот туристички водич, враќајќи нn4; во минатото, во времето на нашите предци. На крајот од денот со сладок умор, широка насмевка и убава дружба, како и со заеднички фотографии се вративме во реалноста, побогати со ново искуство и со нови сознанија за подзаборавените културни и археолошки локации.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување