Дата: 06.03.2017 - ПРИВАТНОТО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Е СВЕТСКИ ТРЕНД КОЈ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

Author

Здравјето е нашето најголемо богатство. Сепак, крајот на зимата и почетокот на пролетта негативно влијаат на луѓето и причинуваат сериозни здравствени проблеми. Намалениот имунитет кој е резултат на студената зима и исцрпноста која со себе ја носи пролетта во комбинација со брзото и стресно секојдневие го уништуваат здравјето. Денеска речиси сите реагираат на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 10 до 15 степени. Иако најзагрозени се лицата во средна доба, стресот, метеоропатијата, загадениот воздух и нездравото секојдневие ги погодуваат сите возрасти, од најмладите до најстарите. Според последните научни истражувања, повеќе од половина од популацијата во развиените општества се подложни на здравствени заболувања поради модерниот начин на живот и временските влијанија.
Поради тоа во последно време трендовите во западниот свет откриваат дека сопственото здравје и здравјето на семејството се на врвот на листата со приоритети на луѓето во Западна Европа и САД. Тука се подразбира здравствената заштита и приватното здравствено осигурување, кое е хит во светот. Тоа е така бидејќи здравствените проблеми предизвикуваат трошоци за лечење кои можат да бидат многу големи и да направат сериозен удар на семејниот буџет во моментите кога треба одеднаш да се издвои голема сума на пари.
Приватните здравствени осигурувања, особено нивниот нов вид со предзнак семејните, кои што се наменети за целото семејство, овозможуваат голем број на услуги како нудење на целосна здравствена заштита, прегледи, лечење на тешки заболувања, хируршки интервенции и специјалистички постапки без чекање ред и плаќање на трошоци. Сето тоа се покрива со осигурителната полиса на Еуролинк.
Еуролинк Осигурување започна да го нуди својот нов и уникатен осигурителен продукт, Семејно Приватно Здравствено Осигурување и за првпат во Македонија  овозможи производ за приватно здравствено осигурување за сите членови на едно семејство, со една заедничка полиса, по достапна месечна премија. Овој вид на осигурување е популарен во светот бидејќи со полисата за семејното приватно здравствено осигурување се обезбедува широк спектар на покритие на трошоци за лекување во сите приватни здравствени установи. Овој уникатен производ на Еуролинк Осигурување обезбедува едноставно и непречено користење здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во Република Македонија и во Европа по избор на клиентот, без ограничување.
Пакетот Семејно Здравствено Осигурување овозможува директна исплата на трошоците за лекување кон најдобрите приватните здравствени установи во државата за болничко лекување и лекување малигни болести како „Систина“, „Ремедика“, „Неуромедика“ и др.
Приватното Семејно Здравствено Осигурување нуди три вида на осигурување – Основно, Комфорт и Премиум, кои се движат од месечни премии за целото семејство од 1800, 2000 и 3350 денари.

Семејното здравствено осигурување овозможува хоспитализирање на осигуреникот, покривање на болнички трошоци за сместување во болничка соба, специјалистички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен, MRI-скеновите PET-скенови, хируршка операција, болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар, ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог, користење интензивна нега, користење на операциона сала и импланти. Со овој продукт се предвидуваат и трошоци за превентивни прегледи по избор на осигуреникот без претходна индикација и тоа: гинеколошки преглед, кардиолошки преглед, ЕКГ, комплетна дијагностика на гради, мамографија, уролошки преглед, интернистички преглед,  стоматолошки прегледи, офталмолошки прегледи и лабораториски анализи.
Еуролинк Осигурување со промовирањето на овој тип на осигурување кое за прв пат се нуди во нашата држава прославува 15 години и грижа за највредните нешта во животот.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување