Дата: 03.11.2015 - Доделени Еуролинк стипендии за додипломци и постдипломци на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Еуролинк осигурување, во петокот, на настан по повод врачување на “Еуролинк стипендијата”, додели 29 стипендии на перспективни млади луѓе, 18 за додипломски и 11 за постдипломски студии на Правниот факултет “Јустинијан Први”– Скопје, во вкупна вредност од 1.100.000,00денари.

 

Стипендиите за студентите на додипломски студии од сите насоки се во висина од25.000,00денариза додипломците и 60.000,00денари за постдипломците исе наменети за да имсе покријат трошоците за кофинансирање. Стипендиите ги додели лично претседателот на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување, Олга Костовска, која им честиташе и истакна:

 

„Се надевам дека со овој наш гест, ви го правиме патот кон иднината побезболен, укажувајќи ви на вистинските вредности со кои ќе си ја обезбедите иднината, а тоа се истите со кои ја обезбедивте оваа стипендија. Не ги заборавајте своите одговорности кон семејството, кон нашата татковина и своите сограѓани. Отпочнете активен општествен живот, прифаќајте предизвици, градете ја мрежата на пријатели, идни соработници и идни работодавачи. Станете луѓе зачувувајќи ја благодарноста и хуманоста во себе и наоѓајте начини да помагате на помалку привилегираните од вас.“

 

Програмата за стипендирање студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ и е во редот активности преку кои се промовираат трајните образовни, културни и општествени вредности во нашата држава.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување