Дата: 09.10.2015 - „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА МУЗЕЈСКА ТУРА СО ПРИКАЗНИ ЗА СКОПЈЕ

Во недела, на 18 октомври 2015 год., ќе се одржи еднодневна организирана  бесплатна тура по музеите и по галериите во Скопје, насловена како „Мапа на културата“. Станува збор за неколкучасовна обиколка на најинтересните културно-историски локации со содржини наменети за љубителите на уметноста од целата држава.

Проектот, кој по вторпат го организира компанијата „Еуролинк осигурување“, подразбира бесплатна посета на Музејот на македонската борба, Спомен-куќата на Мајка Тереза, како и историскиот дел на Скопје, попознат како Старата скопска чаршија, со објектите Куршумли Ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам, кои се вклучија во проектот, a чии кустоси ќе ги водат посетителите низ постојните музејски поставки.

Сите заинтересирани ќе може да се пријавуваат од денеска, 9 октомври, до 15 октомври 2015 год. на „Facebook“ профилот на „Еуролинк осигурување“ (www.facebook/eurolinkmk) со испраќање на име и презиме, возраст и телефон за контакт. „Еуролинк осигурување”ги покрива сите трошоци за организација на настанот што вклучуваат логистика, професионални водичи и специјален гостин на турата, билети за посета на музеите, како и подароци и освежување за учесниците во турата.

Предвидени се две ротирачки групи што стартуваат од 10.00 часот, едната од плоштадот Филип Македонски, а другата од 11.00 часот од Старата железничка станица. За секоја од двете групи „Еуролинк осигурување“ обезбеди професионални водичи што ќе ги водат учесниците од една до друга точка на мапата на градот Скопје, попатно раскажувајќи ги интересните приказни за Старата железничка станица, улица „Македонија“, Феудалната кула, местото каде што е родена Мајка Тереза, Камениот мост и улицата на старите занаети во Чаршијата. Мапата на турата може да ја погледнете тука.

Гостин водич е Данило Коцевски, познатиот хроничар на Скопје, кој ќе се вклучи во турата на плоштадот Македонија со интересни приказни за градот некогаш и сега.

Целта на „Мапа на културата“ е подигнување на свеста кај пошироката јавност за сопственото археолошко и културно-историско наследство. Проектот е дел од долгорочната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности”, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување