Дата: 07.05.2015 - Отворен конкурс за најдобра демо мобилна апликација

Author

Соопштение за медиумите

Отворен конкурс на компанијата „Еуролинк осигурување“ за најдобрата демо мобилна апликација

 

Најдобрата демо мобилна апликација ќе биде наградена со парична награда од 3000 евра во денарска противвредност за нејзина понатамошна доработка, функционалност и пуштање во употреба. Освен парична награда, за победникот следува и договор за префрлање на авторските права на наградената апликација и маркетингшка промоција на апликацијата од страна на „Еуролинк осигурување“

Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на својата платформа за корпоративна општествена одговорност, денеска го објави конкурсот наменет за сите поединци, студенти, ученици, универзитети, правни субјекти и групикои сакаат својата креативност и добри идеи да ги вложат во изработка на квалитетна демо апликација наменета за паметни телефони кои работат на Андроид™ платформа.

Демо мобилната апликација треба да претставува своевиден водич низ урбаниот живот во Скопје, односно да содржи информации за културните случувања, но и за актуелните места за излегување, „афтерворк“ забави, ресторани и кафулиња, концерти и музички настани, вински и улични фестивали.

„Конкурсот има за цел да ја афирмира креативноста, а истовремено и да ги награди добрите идеи, како и да ја прошири базата на корисни апликации на македонскиот пазар за корисниците на паметни телефони од сите генерации. Токму затоа, употребливоста на апликацијата на локално ниво ќе биде еден од клучните критериуми за освојување на наградата. Очекуваме оние кои ќе аплицираат да понудат оригинални, функционални и одржливи решенија со кои новите дигитални технологии ќе ги стават во функција да помогнат во промоција на културните институции, како и за промоција на местата за забава во главниот град,за тие да привлечат поголем број на посетители“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

Конкурсот е отворен од денеска и ќе трае до 15 септември оваа година, а можат да учествуваат сите физички лица, жители на Р. Македонија, како и правни лица регистрирани во Р. Македонија.

Главната награда, во висина од3000евра,ќе биде доделена врз основа на иновативноста и оргиналноста на решението, дизајн на кориснички интерфејс и функционалност, интеграција на андроид платформата, применливост на апликацијата на домашниот пазар, употребна вредност на апликацијата за крајниот корисник, степенот на искористеност на расположливите Андроид технологиии, интеракција со социјални мрежи и перформанси на апликацијата.

 

За наградата ќе одлучи стручна жири – комисија, која ќе ги вреднува апликациите на основа на наведените критериуми.

Поединци, студенти, ученици, универзитети, правни субјекти и групиможат да се пријавуваатсо испраќање на своите лични податоци и краток опис на апликацијата на Facebook профилот на организаторот  (www.facebook.com/eurolinkmk)или на e-mail адресата eurolinkblog@gmail.comДеталнитеинформации за наградниот конкурс,како иoпштите одредби, правила и услови за учество на истиот се достапни на веб страната: www.eurolink.com.mk

 

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ДЕМО МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

 

Главна награда:3000евра (во денарска противвредност)

Старт на конкурсот: 7 мај2015

Затворање на конкурсот: 15септември2015

Објавување на главниот добитник: 15 октомври2015

Времетрање на конкурсот:5 месеци

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на конкурсотимаат сите физички лица,жители на Р. Македонија, како и правни лица регистрирани во Р. Македонија. Малолетнителица може да учествуваат на конкурсотсамо доколку испратат скенирана копија одписмена согласност од родител/старател. Таа треба да вклучува изјава дека се запознаени со правилата за учество на конкурсот и согласност за учество на малолетникот на конкурсот (со наведени име, презиме, адреса и ЕМБГ), заверена на нотар и доставена преку e-mail адресата: eurolinkblog@gmail.com

Вработените во „Еуролинк осигурување“и членовите на нивнитепотеснисемејстванемаат право на учество на конкурсот.

Индивидуалните учесници како и тимовитеможат да се пријавуваат на конкурсот со испраќање на една или повеќе апликации, но секоја апликација мора да се пријави посебно додека траеконкурсот.

Потребно е апликациите да бидат нови и досега необјавувани на Google Play™ или на било која друга интернет продавница за апликации наменети за Андроид™ системи.

Учесницитене смеат да ги објават апликациите од конкурсотнаниту еден пазар за Андроид™ системи во наредните 6 месеци,почнувајќиод 15.09.2015година.

Поради процесот на одобрување на апликациите,потребно е примарен јазик да биде македонскиот.

СОДРЖИНА И НАЧИН НА УЧЕСТВО

Демо мобилната апликација е од категоријата култура и забава. Taa треба да претставува своевиден водич низ урбаниот живот во Скопје, односно да содржи информации за културни случувања во главниот град, но и за актуелнитеместа за излегување, „афтерворк“ забави, ресторани и кафулиња, концерти и музички настани, вински и улични фестивали и сл.

Учесниците,(поединци, студенти, ученици, универзитети, правни субјекти и групи) можат да се пријавуваат со креирање на демо мобилни апликации кои ќе бидат наменети за паметните телефони кои работат на Андроид™ платформа,со испраќање на своите лични податоци и краток опис на апликацијата на Facebook профилот на организаторот www.facebook.com/eurolinkmk или на e-mail адресата eurolinkblog@gmail.com

Пријавувањето е со испраќање на Powerpoint презентација со содржина:

o   Назив на тимот/натпреварувачот

o   Име, презиме (за физичко лице); Назив на друштвото (за правно лице)

o   ЕМБГ (за физичко лице), ЕМБС (за правно лице)

o   Решение - опис на апликацијата, нејзините функционалности и наслов

o   Финансиски модел

o   Слики (скриншот) од апликацијата (3-5)

Сите податоци кои учесникот е должен,односнообврзан да ги достави, можат да се најдат на веб страната на Организаторот: www.eurolinkosiguruvanje.com.mk и на фан страната на Фејсбук www.facebook.com/eurolinkmk

Натпреварот започнува на7мај2015 година и ќе трае заклучно со15септември 2015 година.

Процесот на пријавување истекува на 15.09.2015годинаво 23:59:59 часот.

Учесницитена конкурсот треба да ги почитуват и "Google Play Content Policy for Developers" правилата (вклучувајќи ги и правилата Google Play Developer Distribution Agreement и др.) кои можат да се најдат на: www.android.com

Апликацијата мора да работи на телефони со Андроид™ платформа (Андроид™ оперативен систем, верзија  4.0.3 или понова).

Материјалите,како лого, слоган и сл., потребни за креирање на апликацијата, се поставени на веб страницата www.eurolinkosiguruvanje.com.mk, во посебен таб означен со име ,,МЕДИА ЦЕНТАР”.

НАГРАДА

За најдобратаАндроид™ апликација „Еуролинк осигурување“обезбедува:

1.      Парична награда од 3000евра (во денарска противвредност) за понатамошна доработка, развивање и ставање во употреба на демо мобилната апликација

2.      Склучување договор со Еуролинк осигурување за префрлање на авторските права на наградената апликација

3.      Промовирање на апликацијата преку постоечки маркетинг канали во 2016 година

Наградата за најдобратаапликација ќе биде доделена на лицата кои ги поднеле апликациите на конкурсот или на лице ополномоштено од нивна страна со нотарски заверено полномошно.

Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на „Еуролинк осигурување“.

Главната награда ќе биде доделена врзоснова на следниве критериуми:

o   Степен на иновативност и оргиналност на решението

o   Дизајн на кориснички интерфејс и функционалност

o   Интеграција на андроид платформа

o   Применливост на апликацијата на домашниот пазар

o   Употребна вредност на апликацијата за крајниот корисник 

o   Степен на искористеност на расположливите Андроид технологиии (екран чувствителен на допир, камера, GPS, мобилна мрежа, widgets...)

o   Интеракција со социјални мрежи (Facebook®, Twitter®, YouTube™…)

o   Перформанси на апликацијата (брзина, безбедност ...)

o   Презентација на апликацијата

o   Финансиски модел

Изборот на најдобрата демо мобилна апликација ќе се изврши најдоцна до 15.10.2015 година.

Наградената апликација ќе биде објавена на завршниот настан кој ќе се случи по означувањето на крајот на конкурсот. Точниот датум и место на завршниот настан, како и информациите за добитникот на наградата ќе бидат објавени на веб страната на Организаторот и на фан страната на Фејсбук, најдоцна до почетокот на октомври 2015 година.

ЖИРИ КОМИСИЈА

За наградата ќе одлучувастручна жири комисија, која ќе ги вреднува апликациите  врз основа на горенаведените критериуми.

Стручната жирикомисија е составена од следниве членови:

o   Претставници од „Еуролинк осигурување“

o   Претставнициод ФИНКИ/ Факултетитеза ИКТ

o   Претставници од агенцијата ЊуМомент

Жири комисијата го задржува правото на дискрециона оценка во текот на разгледувањетона апликациите.Нивната одлука е конечна.

Наградените ќе бидат известени  преку e - mail, како и на веб страната на Организаторот и фан страната на Фејсбук.

ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Доколку некој сака да учествува на конкурсот мора да ги исполни сите наведени услови. Учесникот кој ќе победи,го предава авторското право на користење на апликацијата наОрганизаторот „Еуролинк осигурување“. Апликацијата ќе биде бесплатна , односнобез надоместок за "download" на Play Store.

Сите апликации кои учествуваат на конкурсот, во случај ако се сретнат на онлајн пазарите до крајот на натпреварот ќе бидат дисквалификувани.

Со учеството на конкурсот и со праќање на демо мобилната апликација, учесниците се согласни дека нема да учествуваат со истата или слична апликација на друг конкурс се до крајот на натпреварот, односно до изборот од страна на Организаторот.

Организаторот „Еуролинк осигурување“ го задржува правото послободна проценка да ги дисквалификува апликациите од конкурсот доколку:

o   Вклучуваат  содржини и податоци до крајните корисници со зла намера;

o   Вклучуваат содржини и податоци кои на било кој начин ги кршат авторските и останатите права на интелектуална сопственост;

o   Вклучуваат содржини и податоци кои на било кој начин ги навредуваат или ги кршат граѓанските права на крајните корисници;

o   Вклучуваат содржини и податоци кои „Еуролинк осигурување“ од било кои причини смета дека се непримерни;

Со учеството на конкурсот и со испраќање на демо мобилната апликација, учесникот е согласенна следново: верзијата на апликацијата,како и сите понатамошни верзии на истата не смеепонатаму економски да гиискористува на било кој начин;не смее и да ја пренесува на трети лица;согласен есите авторски и сродни права на апликацијата да останат восопственост на Организаторот.

Организаторот има право,без согласност на учесникот,избраната мобилната апликација да ја развива и во понатамошните верзии да ја направи комерцијална.

Учесникот потврдува и гарантира дека е сопственик на сите права на интелектуална сопственост, а особено на авторските права за демо апликациитекои ги пријавува на конкурсот.

Учесникот потврдува и гарантира дека со апликациитене ги крши било кои права на трети лица, особено правата на интелектуална сопственост. Учесникот потврдува и гарантира дека трети лица понатаму нема да имаат било какви барања кон организаторот „Еуролинк осигурување“ во врска со апликацијата која учесникот ја пријавил на конкурсот. Во случај трети лица да истакнат било какви барања кон „Еуролинк осигурување“ во врска со апликацијата која ја пријавил учесникот на натпреварот, учесникот е согласен и прифаќа самостојно да ги поднесе последиците за таквите барања. Доколку организаторот, врзоснова на барање од трети лица претрпи штета, учесникот е согласен целата штета да му ја надомести на „Еуролинк осигурување“.

Учесникот е согласенОрганизаторот да ја користи демо мобилната апликација која ја пријавил на конкурсот под сопствено лого и истата да ја користи предметно, просторно и временски неограничено, без плаќање на било какви надоместоци кон учесникот. Учесникот е согласен неговото име, псевдоним или знак да не бидат назначени,односно наведени при јавното користење на апликацијата.

Учесникот ја презема целата одговорност за содржината и формата на апликацијата која е пријавена на конкурсот.Организаторот не презема никаква одговорност,ниту дава било какви гаранции за апликацијата која е креирана од страна на учесниците во текот на конкурсот.

ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ НА НАТПРЕВАРОТ

Организаторот „Еуролинк осигурување“ ги задржува сите права за измени и дополнувања на Општите одредби и услови во текот на траењето на конкурсот. Истите ќе ги одбјави на интернет страната www.eurolinkosiguruvanje.com.mk и на Фејсбук фан страната. Изменетите и дополнетите правила за учество ќе бидат обврзувачки за учесниците од моментот на нивното објавување на наведениот веб сајт или фејсбук фан страна.

Сите понатамошни информации за конкурсот, евентуалните измени и дополнувања на правилата, условитеи критериумите за учество ќе бидат достапни на интернет адресата www.eurolinkosiguruvanje.com.mk и на фан страната www.facebook.com/eurolinkmk.

Доколку учесникот на било кој начин ги прекрши Општите одредби и услови на овој конкурс, ќе биде дисквалификуван.

Во случај на спор, учесниците на наградниот конкурс ја прифаќаат надлежноста на судовите во Скопје.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување