Дата: 07.04.2015 - Маша, Медо и Доми на едукативна турнеја низ Македонија

Author

Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца, од 18 април до 7 јуни ќе ги забавувуваат и едуцираат децатаво рамките на проектот што го организираатпродукцијата „Сцена“и издавачката куќа „Култура“во соработка со „Еуролинк осигурување“. Во споменатиот период ќе биде изведена театарската претстава „Веселата училница“, наменета за деца од предучилишна и рана школскавозраст, а инспирирана од постојаниот страв на децата од започнување на училиштето.

Едукативниот караван почнува во Битола (18 април), а потоа продолжува во Охрид (19 април), Струмица (24 април), Гевгелија (25 април), Кавадарци (16 април), Велес (30 мај), Куманово (31 мај). Проектот завршува со изведба на „Веселата училница“ во Скопје, на 7 јуни, во Македонската опера и балет. Во сите градови претставата започнува во 12.00 часот.

Целиот настан, освен забавен, има и едукативен карактер. Целта е низ репликите на учителот, ученицитеиМаша и Медо, децатаод најрана возрастда се воведат во училишната атмосфера. Главната актерска екипа се состои од  Марко Новески, Бојан Велевски и Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми.Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.

Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на проектот, поставува изабавен едукативен караван во вид на училишен двор, во кој децата,заедно со полжавчето „Доми“од осигурителниот продукт „Доми Комплет“,ќе можат да се дружат и активно да учествуваат во низа интерактивни игри и да освојат награда. Особено интересна е играта „Не лути се Доми“ каде што децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра „Не лути се човече“.Училишниот двор се поставува од 11.00 до 14.00 часот во секој град каде ќе се одржуваат претставите.

Цената на влезниците е од 150 денари која вклучуваподарок боенка со омилените цртани ликови Маша и Медо.

Издавачката куќа „Култура“ оваа претстава ја подржува како дел од целата промотивна кампања за едицијата „Маша и Медо“ која брои 5 боенки, 8 сликовници и 2 интерактивни сликовници на македонски и албански јазик, за која ги имаавторски права заМакедонија. „Изданијата особено се популарни кај македонската публика. Светскиот успех ја покажува силата и потенцијалот на Маша и Медо. Приказните сеиздвојуваат како нешто оригинално и иновативно и едновремено и ги забавуваат и ги едуцираат децата за вредноста на вистинското пријателство, грижата, слободата икреативноста на еден забавен и ненаметлив начин. Публиката насекаде во светот позитивно реагира на тоа, што создава многу силна платформа за лиценцирање“, изјави Ана Ќовкарова директор на ИК „Култура“.

Со промотивното прикажување во 2009-та година, „Маша и Медо“ за брзо време стана една од најпопуларните анимирани серии за деца во Русија, а денес се прикажува во над 100 земји во целиот свет. Освен серијата, под лиценцата Маша и Медо се и книги со приказни, боенки, брендирани играчки, ранци и училишен прибор, украси, друштвени игри и акцесоари.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување