Дата: 04.09.2017 - Станбено осигурување Доми Комплет за 1 денар дневно за првата година и подарок од Еуролинк

Author

Обележувајќи го својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк осигурување ги наградува своите клиенти на Доми Комплет со вреден подарок. Имено, клиентите кои ќе го осигураат својот дом и ќе склучат тригодишен договор за лојалност за Доми Комплет на Еуролинк, покрај  привилегираната цена од 365 денари годишно за првата година на станбеното осигурување, добиваат и вреден подарок. Оваа понуда се однесува на сите нови клиенти, но и на постоечките кои ќе го одберат Доми Комплет во промотивниот период до 30 септември оваа година. 

Со најпродаваниот производ на оваа осигурителна компанија, клиентите добиваат осигурување на домот и покуќнината, осигурување на сите членови на домаќинството, и тоа од широк опсег на ризици како пожар, удар на гром, експлозија, провална кражба, излевање вода од инсталации, гром, луња и град, експлозија и многу други, а со оваа осигурителна полиса се покриваат и трошоците за нужно сместување. Дополнително, овој продукт бесплатно нуди уникатни покритија кои се единствени на македонскиот осигурителен пазар, како осигурување од земјотрес, кршење од стакло, трошоци за нови документи и клучеви, незгода за целото семејство, домашни миленици и патничко осигурување.
 
Со склучување договор за лојалност на три години со Еуролинк, Доми комплетот во првата година на осигурување чини 365 денари или 1 денар на ден, а втора и третата година на осигурување чинат по 2.400 денари годишно или 200 денари месечно, за стан или куќа до 150 метри квадратни.
 
А сите нови клиенти и оние кои ќе ги обноват своите Доми Комплет полиси по наведените услови до 30 септември оваа година добиваат и подарок - вредносна петрол-картичка од 500 денари.

Повеќе информации клиентите може да добијат на овој линк или на телефонскиот број 02/15 888 или на eлектронската адреса: eurolink24@eurolink.com.mk.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување