Врати се на Интевјуа

Дата: 04.05.2018 - Интервју за Капитал, МАРИЈА ТОМЕСКА: ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Е ОДЛИЧНА МОТИВАЦИСКА АЛАТКА ЗА КОМПАНИИТЕ

Author

Кога се работи да се пронајдат вистинските мотивациски алатки на компаниите за вработените, да им се понудат вистинските бенефити кои ги ценат, искуствата на Еуролинк осигурување покажуваат дека трендот на користење на приватно здравствено осигурување претставува полн погодок за современите компании, кои на вработените им го нудат токму овој бенефит – можност да добијат врвна здравствена грижа и лекување во приватни здравствени установи по свој избор. За приватното здравствено осигурување, трендовите и можностите за користење разговаравме со Марија Томеска, Претседател на Управен одбор на Еуролинк осигурување.

К: Минатата година Еуролинк осигурување го воведе приватното здравствено осигурување. Дали сте задоволни од првичниот прием на овој тип на осигурување од страна на клиентите? Што покажуваат резултатите од минатата година за овој сегмент?

МТ: Еуролинк осигурување пред од пред четири години е прва компанија која започна да нуди приватно здравствено осигурување на македонскиот пазар. Почетоците ги направивме преку соработка со нашите искусни странски осигурителни партнери, а веќе по една година ги промовиравме и првите целосно наши продукти за колективно приватно здравствено осигурување на вработените во компаниите. Она што како новитет го воведовме мината година беше семејното приватно здравствено осигурување, каде со една полиса може да се лекува целото семејство, односно да користи услуги во приватни здравствени установи.

Иако приватното здравствено осигурување е најновиот продукт на осигурителниот пазар, интересот за него е голем, а се забележува и кај компаниите и кај семејствата. Минатата година работевме на запознавање на граѓаните и компаниите со овој тип на незадолжително осигурување, и веќе е евидентен трендот на прифаќање на приватното здравствено осигурување, што јасно се манифестира преку троцифрените стапки на раст во оваа класа. Имено, во 2017 година Еуролинк дефинитивно стана лидер на осигурителниот пазар во Македонија за приватното здравствено осигурување со раст од 111% и над 42% учество на вкупниот пазар. Во првиот квартал оваа година, стапките на раст се уште поголеми, а нашето учество на пазарот е проценето на повеќе од 60%. За нас тоа е знак дека одиме во добра насока, дека на клиентите им го нудиме она што го бараат – врвна здравствена грижа и лекување во сите приватни здравствени установи по сопствен избор и без ограничување.

К: Кој најчесто го купува приватното здравствено осигурување?

МТ: Приватното здравствено осигурување е наменето пред с$ за млади и здрави лица и семејства, како и за сите вработени во компаниите, односно за сите оние кои сакаат квалитетни, навремени и брзи здравствени услуги во приватно здравство. Согласно горенаведеното, продуктите за приватно здравствено осигурување ги купуваат млади семејства, но претежно и компании кои го обезбедуваат ова осигурување како посебен бенефит за своите вработени. Од она што го гледаме речиси сите ИТ компании го купуваат приватното здравствено осигурување за своите вработени и овој бенефит го користат како конкурентска предност за да ги задржат и мотивираат своите вработени. Дополнително, се повеќе компании коишто вистински се грижат за своите вработени и нивната благосостојба, го користат приватното осигурување како бенефит за своите вработени и за нивните семејства. Покрај дополнителната мотивација и сигурност, приватното здравствено осигурување им овозможува на вработените во компаниите брзо, едноставно и лесно да ги обезбедат потребните здравствени прегледи, во време и на место кое ним им одговара. Во зависност од потребите на компаниите и нивните вработени, често ги прилагодуваме и нашите понуди за приватно здравствено осигурување и креираме специјални понуди и услови за нив. Дефинитивно со приватното здравствено осигурување, компаниите добиваат бенефит зошто имаат мотивациска алатка која ја ценат, имаат задоволни вработени кои се навремено и брзо згрижени во случај кога е најпотребно, а лекувањето, евентуалните операции и прегледи ги плаќа осигурителната компанија, односно Еуролинк.


К: Какви бенефиции им нуди на клиентите, односно зошто граѓаните решаваат да користат приватно здравствено осигурување?

МТ: Современото живеење ни налага да сакаме да ги завршуваме работите веднаш, а особено кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите семејства сакаме да добиеме навремена и врвна здравствена грижа и лекување. С$ повеќе граѓани ги користат услугите во приватните здравствени установи и приватните болници, а да ги платите сите трошоци одеднаш за приватно лекување често пати претставува проблем за домашниот буџет. Затоа семејствата го одбираат приватното здравствено осигурување, а вработените во компаниите најмногу го ценат овој бенефит. Со приватно здравствено осигурување на Еуролинк клиентите добиваат најсовремено лекување во сите приватни здравствени установи по свој избор, без упати и чекање, без непотребни процедури и одлагање. Вредноста на нашите продукти за здравствено осигурување е токму во флексибилноста и можноста клиентите сами да одберат кога и каде ќе ги користат сите општи и специјалистички прегледи, дијагностики и операции, при што Еуролинк директно ги плаќа трошоците за болничко лекување кон болницата. Освен болничко и амбулантно лекување, вклучени се и превентивни прегледи, бидејќи во интерес и на семејствата и на компанијата е тие да се здрави и да се грижат долгорочно за своето здравје, затоа и вложувањето во превентивните прегледи треба дополнително да ја поддржи грижата за сопствено здравје пред да биде потребно лекување.


К: Нудите и дополнителни пакети, а веќе гледаме дека и некои банки нудат кредити за користење на услуги во приватни болници. Во таа насока – зошто приватно здравствено осигурување, а не кредит?

МТ: По барање на клиентите воведовме и посебен дополнителен пакет кој опфаќа покривање на трошоци за породување, офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите. Овие здравствени услуги се составен дел од проширените пакети за приватно здравствено осигурување, при што клиентите плаќаат дополнителна премија за нив заедно со пакетот за лојалност во тек на две години, а Еуролинк врши директна уплата на средствата кон приватната здравствена установа по основ на овие услуги. Секако, за граѓаните кои долгорочно сакаат врвна здравствена грижа во приватни здравствени установи, изборот на приватно здравствено осигурување e и подобар од кредит, зошто од една страна немате камата, а од друга страна го имате и основното приватно здравствено осигурување за лекување и прегледи според потребите на осигуреникот.. Нашите искуства до сега покажуваат дека клиентите што ги користат услугите во приватните здравствени установи се среќни со својот избор да имаат приватно здравствено осигурување од повеќе причини – заради тоа што директната исплата на трошоците оди кон болниците, заради тоа што не им требаат упати или закажување на термини, самите избираат болница или приватна здравствена установа, ги прават сите потребни и препорачани прегледи за да добијат точна дијагноза, зошто осигурувањето ги покрива трошоците.


К: Дали планирате некои новини во однос на приватното здравствено осигурување во скоро време? Какви се вашите прогнози за развој на овој тип на осигурување во Македонија?

МТ: Силно веруваме дека овој вид на осигурување е на самите почетоци и ќе расте и ќе се развива во иднина. Очекувањата се дека се поголем број на компании ќе ја препознаат додадената вредност која приватното здравствено осигурување ја нуди за нивните ценети вработени. Со тоа ќе се овозможи се поголем број на граѓани да го искористат приватното здравствено осигурување и да ги почувствуваат неговите бенефити, што директно ќе влијае на зголемување на свесноста за потребите од ваквиот тип на осигурување. Иако општо свесноста за потребата од било кој тип на незадолжително осигурување во Македонија не е на посакуваното ниво, сметаме дека од причина што за здравјето на нашите најблиски не правиме компромиси, овој тип на осигурување ќе наиде на уште поголем интерес и прифатеност. Продуктите кои ги создаде и креира Еуролинк во целост ги пресретнуваат потребите на граѓаните за врвно лекување и здравствена грижа, па затоа продуктот е одлично прифатен и од граѓаните и од компаниите. Планираме повеќе да работиме во иднина и на превенција и на едукација на граѓаните за здрави животни навики и здраво живеење, зошто тоа е од интерес за сите – за граѓаните да имаат добро здравје, за компаниите да имаат здрави вработени и за нас како осигурување да имаме здрави клиенти. Мисијата на Еуролинк како компанија е да го подобри квалитетот на животот на сите што ги допира, а приватното здравствено осигурување го нуди токму тоа за граѓаните и компаниите – подобрување на квалитетот на живеење и врвна грижа за здравјето на семејствата.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување