Врати се на Интевјуа

Дата: 19.05.2017 - Интервју со г-ѓа Олга Костовска, Претседател на Надзорен одбор на Еуролинк Осигурување за неделникот Капитал

Author

Капитал: На каков начин компанијата практикува општествено одговорно работење во време кога тоа станува предуслов за одржливо работење, а не подразбира само хуманитарни акции, донации и сл.?
О. Костовска: Веќе 15 години успешно работиме на македонскиот пазар. Нашето работење се темели на обезбедување квалитетни и современи осигурителни продукти на нашите клиенти, вложување во едукација и мотивација на нашите 240 вработени, градење на партнерски односи со нашите клиенти и деловни партнери, со основна мисија да го подобриме квалитетот на животот на сите околу нас.
Ценејќи ја довербата токму на нашите клиенти, соработници, вработени и нивните семејства чувствуваме должност и одговорност да вложуваме во општеството преку активности од кои бенефит има целата јавност.
Го следиме концептот за корпоративна општествена одговорност како повисока форма на свесност за нашето влијание и воопшто влијанието на бизнис заедницата во општеството и средината во која дејствуваме сите ние.
Нашето дејствување е фокусирано на сфери кои се предуслов и основа на едно современо општество, а тоа се образование, уметност и култура.
Оттука, темелот на нашиот придонес кон заедницата е јасно дефиниран во програмата  за  корпоративно општествена одговорност, чии идеи и заложби се стремат кон унапредување на горенаведените сегменти преку активности со вистинска вредност, за што всушност говори и самиот назив „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“.
 
Капитал: Кои се најзначајни CSR проекти што ги спроведувате и кои се клучните придобивки за заедницата?
О. Костовска: Се јавуваме во улога на активен поддржувач на македонската култура, уметност и образование, давајќи  свој придонес во движењето на современите текови во македонското општество, и се обидуваме да бидеме поттик за сите оние кои ги негуваат вистинските вредности. Во таа насока, реализираме проекти со трајна вредност кои добија свој одек во јавноста, а потврда за тоа е константниот интерес за учество во истите.
Особено горди сме на Еуролинк школите за лизгање, за пливање и балетската школа наменети за развој на здрав дух кај најмладите и истите предизвикуваат позитивни реакции од учесниците кои ги посетуваат овие часови.
Во март оваа година, успешно ја реализиравме третата Еуролинк школа за лизгање, во летниот период ни претстои четвртата по ред Балетска школа и школата за пливање коja за прв пат оваа година ја прошируваме и овозможуваме учество на нашите најмлади не само во главниот град,  туку и во градовите Битола и Кавадарци.
Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање на добро едуцирани поединци. Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството, има за цел да им помогне на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите себеси и на другите,  да создадеме добро образовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество. Во таа насока - Еуролинк стипендиите, кои ги доделуваме за најдобрите студенти од Правниот и Економскиот факултет при УКИМ, како и поддршката на ораторските вечери “Иво Пухан”, претставуваат поттик за градење квалитетни, образовани  и млади професионалци.
Во овој сегмент би ги споменала и нашите успешно реализирани проекти како што е опремувањето на читалната и библиотеката во студентскиот дом “Гоце Делчев”, како и донацијата во средното уметничко училиште “Лазар Личеновски” во Скопје.
Веруваме дека за светла иднина треба да го познаваме сопственото минато и во тој контекст ги организираме туристичките разгледи со цел подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото археолошко и културно-историско наследство. Тоа го правиме преку програмата за запознавање на културното наследство под наслов:“Мапа на културата” која е отворена за сите граѓани на Република Македонија, а оваа година ќе се одвива во повеќе етапи во текот на целата година. Граѓаните ќе имаат можност да го посетат локалитетот Хераклеја и старото јадро на градот Битола, манастирот Св. Јован Бигорски, Курбиново и Музејот на современа уметност.
Го препознаваме значењето на македонските традиционални вредности, но важни се и современите текови во уметноста и затоа даваме поддршка на институции и настани како што се: Фестивалот Охридско лето, Македонскиот народен театар и Музејот на современата уметност.
Во годината кога Еуролинк осигурување слави петнаесет години постоење, продолжува да го дава својот придонес во зачувување на уметничкиот израз и прогресивниот дух на заедницата преку поддршката на Музејот на современата уметност во Скопје. Како прв чекор во рамки на оваа соработка, помогнавме во реновирањето на музејската библиотека при Истражувачкиот центар и во текот на оваа јубилејна година Еуролинк ќе ги поддржи годишните активности на музејот. Соработката со Музејот на современата уметност претставува не само поддршка во зачувување  на македонската култура и уметност, туку и поттик за младите македонски уметници храбро да го одбележат времето во кое живееме, да ги поттикнеме да го изразат на сопствен индивидуален креативен јазик, а со тоа како придонес да остават трајни пораки за денешницата на идните генерации преку современиот уметнички израз.

Капитал: Со оглед на тоа што доброто корпоративно управување, транспарентноста, фер односот кон клиентите и сл., се исто така дел од концептот на КОО, кои се главните одлики на корпоративната култура што ја негувате во Еуролинк?
О. Костовска: Силно сме посветени на унапредување на нашата понуда, која претставува разновидна лепеза на производи и услуги кои постојано ги прилагодуваме за да ги задоволиме и надминеме очекувањата и искуствата на нашите клиенти и соработници со компанијата. Особено горди сме на нашите иновативни продукти кои првпат ги претставуваме на македонската јавност и на иновативните начини за интеракција и целосна достапност до нашите клиенти.  Со тоа им помагаме на граѓаните и бизнис заедницата да ги разберат и прифатат придобивките од современите продукти за осигурување, со цел да ја подобрат својата сигурност и благосостојба. Инвестирањето во заедницата на компаниите им носи бенефит, бидејќи тие стануваат поблиски со своите клиенти, а со тоа градат и позитивен став кон компанијата.
Нашиотоднос со клентите се темели на транспарентност, доверба, лојалност, почитување, и вложување во нови иновативни продукти, олеснување на пристапот до нашите продукти онлајн, а наскоро и преку мобилна апликација, достапни сме за нашите клиенти 24 часа во денот.
Главната одлика на нашата компанија е негување на човечките вредности, без кои едно цивилизирано општество не може да постои, а тоа се почитта кон себе, почитта кон вработените, клиентите и соработниците. Тоа е гаранција за долгорочен одржлив раст и развој на компанијата за исполнет и среќен живот. Традицијата, силата и големината на успешните компании, носат со себе одговорност од поддржување, и потикнување на различни иницијативи насочени кон одржливиот развој. Само со активен придонес во развојот и унапредување на односите со околината и заедницата, компанијата може да биде поуспешна .

Капитал: Од аспект на CSR кон вработените, како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? Кои се начините и методите со коишто ги мотивирате, односно како ги привлекувате и задржувате талентираните луѓе во Еуролинк?
О. Костовска: Нашата култура на работење се темели врз непоколебливата верба во интегритетот, чесноста и професионалноста, градејќи го односот со вработените, со дигнитет и со почит, инвестирајќи и растејќи заедно со нив, бидејќи веруваме дека добро образовани, постојано обучувани и задоволни вработени се клучен фактор за успехот на компанијата. Во Еуролинк работат чесни, насмеани и вредни луѓе, а ние низ годините се трудиме да бидеме препознаени како добар работодавач.  Имаме посебни програми за мотивација, наградување и унапредување на нашите вработени, вложуваме во воведување на системи кои ќе им го олеснат работењето на вработените, вложуваме во креирање на компактен тим и нудиме бројни бенефиции за нив, бидејќи грижата за нив и нивните семејства е наша  најголема одговорност. Успехот на нашата компанија е изграден со квалитетен однос кон вработените, взаемна почит и доверба. Инвестирање во нивното знаење и грижата за нив, претставуваат активен придонес во развој и унапредување на квалитетот на нивниот живот и животот во компанијата.

Капитал: Што е за вас лично клучно во поставувањето здрави односи менаџер- тим -вработени, односно кои се вредностите што вие сакате да ги наметнете како role model, но и инсистирате на нив кај другите?
О. Костовска: Довербата е предуслов во нашето заедничко работење. Со сето свое срце треба да ја дадете довербата на колегите, за да ја стекнете нивната. Тој однос нn4; дефинира нас како компанија и како тим. Градењето синергичен тим подразбира почитување на индивидуалноста и личниот белег, со којшто се стремиме кон истите цели и истите вредности во рамките на заедницата, делуваме, размислуваме, живееме во истиот ритам за истата цел– да го подобриме квалитетот на животите на сите коишто ги допираме, нашите клиенти, партнери, нашите вработени и нашата заедница во целост. Тоа е наш придонес кон зачувување на вистинските вредности во секоја смисла, но и наш влог кон креирање на подобра и поквалитетна иднина за сите нас и за идните генерации.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување