Дата: 12.09.2018 - Со „Mапа на културата“ го запознаваме Лесновскиот манастир

Author

Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Лесновo и да ги слушнат преданијата од монасите за настанување на Лесновскиот манастир. Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, може да се пријават од денес, 12.9.2018 година, на следната електронска адреса: mapanakulturata@eurolink.com.mk, со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Првите 150 пријавени кандидати ќе ја имаат можноста за учество во еднодневната екскурзија.

Еуролинк осигурување во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, петта година по ред  ја организира добропознатата активност насловена како „Мапа на културата“.
Во изминатите години ги посетивме и ги слушнавме тајните преданија за културните и археолошки локалитети во нашата држава, и по Стоби, Хераклеја, Градот на конзулите – Битола, Бигорскиот манастир, познатото мијачко село Галичник, патувањето го продолжуваме на 15 километри од Пробиштип на југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од 870 метри, каде што е распослано едно од најубавите села во Република Македонија, селото Лесново, познато по надалеку прочуениот Лесновски манастир. Лесновскиот манастир е еден од најубавите и најзначајните византиски споменици на Балканот и еден од најимпресивните и културнозначајните манастири кај нас.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување