27ми Март бр.2
1000 Скопје

ИНФО БРОЈ (02) 15888

тел: (02) 32 89 301
факс: (02) 32 31 625
Мој живот. Мое осигурување.
БРЗО И ЕФИКАСНО ДО ПОСАКУВАНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Во Еуролинк Осигурување, навремената и квалитетна услуга кон клиентите е секогаш на прво место. Токму затоа, осигурителните полиси се издаваат без дополнителни процедури или скриени трошоци.

БРЗО И ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА ШТЕТИ

Навремената и стручна проценка на штетите, кусиот временски период потребен за решавање на штетите, правилното утврдување на фактичката состојба и правилното оценување на сите околности на конкретниот случај претставуваат не само основа за донесување на правилна и законита одлука, туку и наш препознатлив знак!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ОСИГУРУВАЊЕТО НА ИМОТ ПОЧНУВА ОД САМО 615 ДЕНАРИ ГОДИШНО?

Вашиот имот не е само една од најголемите инвестиции кои сте ги направиле, тој претстваува ваш дом, место полно со убави спомени и емоции. Токму поради тоа Еуролинк Осигурување ви нуди едноставни и флексибилни пакети, Доми и Доми +, наменети за соодветна заштита на вашиот дом од најприсутните ризици. Пакетите се специјално дизајнирани според потребите на нашите клиенти а со цел станбеното осигурување да се поедностави и унифицира. Единствено имотно осигурување што ќе го добиете за само 5 минути, без процедури и документи и за минимални цени.
повеќе
И ТОА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Вашето возило е толку многу оштетено што не може да се вози. Грлото ве стега од помислата да чекате автобус наутро со часови. И така со месеци... Но не грижете се, Каско осигурувањето на Еуролинк е тука за вас. Ние знаеме колку е значајна брзината и квалитетот на поправка на вашето возило, затоа се грижиме проценката и исплатата на штетите да биде во најкус можен рок. Со доплатена посебна премија се исплатува договорениот надомест на трошоци поради некористење моторно возило, во договорена висина, во кои трошоци спаѓаат трошоци за изнајмување возило и трошоци за користење услуги за превоз што се надоместуваат за договорен период од 7 дена во текот на траењето на осигурувањето. Обврската на осигурувачот за надомест на овие трошоци престанува со исплата на надомест за договорениот период од 7 дена во текот на траење на осигурувањето.
повеќе
ЗА СРЕЌЕН ПАТ
Целта на вашето патување може да биде бизнис, одмор, средба со најблиски. Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнис зделката, да ви се расипе одморот или да не се видите со пријател? Со Еуролинк Осигурување вие сте секогаш на добар пат. Со Еуролинк Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за незгода или штета. Нашите осигурувања се изготвени според светски стандарди и секогаш прилагодени на вашите потреби.
повеќе
Пребарување

АНКЕТА

Дали ќе го осигурате вашиот стан?

 ДА
 НЕ
 НЕ ЗНАМ

гласај   |    резултати